Грант Харолд, поранешен батлер на кралското семејство, ги откри подароците што ги добивал додека работел за нив.
"На Божиќ секогаш добивавме честитки од него. Пред да се ожени со Камила, се сеќавам дека добивме божиќни честитки од него, Хари и Вилијам. Тие секогаш беа посебни", изјави тој за британски Мирор.
Покрај честитките, често добивал и хумористични подароци од Чарлс.
Прочитајте повеќе: Чарлс III вработил човек, чија единствена работа е наутро да го буди со гајда
- „Исто така, тој ни доставуваше мали забавни работи по пошта. Една година ми подари лименка лосос, а друга година ми подари комплет сол и бибер завиткан во лента. Веројатно добива многу подароци и понекогаш ни дава некои од нив“, рече тој.
- „Отсекогаш ми беше бизарно затоа што не очекувате такви ситници. Тоа ја покажува неговата забавна и практична страна. Што се однесува до вистинските подароци, тоа секогаш би биле чаши за виски “, додаде тој.
Тој откри дека му оставил подарок и честитка на својот шеф - еве што му подарил!
“Се сеќавам дека немаше смисла да му дадам нешто скапо. Тешко е да се избере кога имаш сè. Но знаев дека му се допаѓа медот, па ќе му подарив тегла мед. или бонбони од мед, нешто во кое знаев дека ќе ужива“, рече тој.