Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ попладнево соопшти дека ја активира мерка – бесплатен јавен превоз како дел од мерките поради високата загаденост на воздухот во главниот град.
Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.
Би можело да ве интересира: Реорганизирано работно време, ослободени трудниците и постарите: Стапуваат во сила мерките за зголеменото загадување
Како што информираат оттаму, мерката започнува да се применува од денеска па сè до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното Министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.