Очекувате ли „честитка“ од вашиот работодавач на крајот на оваа година? Еве што кажува едно истражување....
Околу 80 отсто од учесниците изјавиле дека во нивната компанија не земаат 13-та плата или некаков новогодишен бонус, но сепак тие 20 отсто ја имаат оваа придобивка во фирмата каде што работат. Зошто е тоа така?
Иако во нашата земја е распространето верувањето дека тринаесеттата плата е нешто од социјалистичкото минато, има и работодавачи кои сè уште ја сфаќаат како начин на модерен бизнис и кои во декември ги наградуваат своите вработени со дел од профитот што го има направено компанијата.
Кој одлучува кога и дали да се подели бонус?
Нема официјални податоци за тоа колку компании ја применуваат оваа практика, како и колку работници ја имаат оваа се поретка привилегија. Сепак, експертите посочуваат дека за овој чекор најчесто одлучуваат странски компании, за кои ова е глобална деловна политика која ја применуваат и кај нас.
Синдикатите посочуваат дека сé уште има луѓе за кои редовните примања се сон, а бонусите се само замислена именка.
Меѓутоа, денес, кога станува збор за оваа тема, ќе се занимаваме само со позитивни примери и компании кои секоја година со посебни „честитки“ ги третираат своите вработени во декември и им помагаат да го пребродат празничниот период, кој за многумина може да биде особено стресен поради високите трошоци.. Вработените се особено под стрес поради фактот што овогодинешните прослави се силно погодени од галопирачката инфлација.
Според последните податоци, намирниците се меѓу работите кои поскапеа во последниот период. Исто така, не може да не се забележи дека поскапувањето е присутно и во други области: подароци, украси, одење по ресторани и патувања.
Иако од компаниите можеби нема да се бара да им исплаќаат „честитки“ на своите вработени, бонусите изгледаат како добра практика и придобивка што може да ги привлече истите.
Имајќи ги предвид промените на пазарот на трудот, иселувањето на голем број работоспособни граѓани, дополнителните бонуси, особено во време на инфлација, можеби би можеле да бидат решение за многу компании, покрај другите поволности кои би можеле да ги обезбедат за нивните вработените.