Граѓаните на Куманово во првите шест месеци од следната година бесплатно ќе го користат јавниот превоз во градот. Ваквата одлука вчера ја соопшти градоначалникот на Општина Куманово, кој кажа дека со неа граѓаните ќе добијат можност да заштедат пари од семејниот буџет во време на економска и енергетска криза.
За воведувањето бесплатен автобуски превоз во Куманово, претходно беше направена анкета на која 79 проценти од граѓаните се изјасниле дека сакаат бесплатен превоз, наспрема 13,9 проценти од нив кои кажале дека не сакаат.