Студијата на Европскиот парламент покажува дека загубите поврзани со лажираната километража на половните автомобили изнесуваат 8,8 милиони евра годишно.
Би можело да ве интересира: Колку километри можат да поминат автомобилите „на резерва“? Победникот доаѓа од Германија
Доколку купувате половен автомобил, една од поважните ставки е километражата прикажана на километар-час да одговара на реалноста и да не е менувана.
За жал, ваквата пракса е почеста отколку што може да замислите и воопшто не е тешко да се пронајдат половни возила чија километража била враќана.
Студијата на истражувачката служба на Европскиот парламент покажува дека загубите поврзани со измами со километражата изнесуваат 8,8 милиони евра годишно.
„CarVertical“ објави и студија во која анализирале 1,11 милиони извештаи во последните 12 месеци, на 24 пазари, од САД до повеќето европски земји.
Во овој извештај тие наведуваат 10 модели на автомобили кај кои најчесто е враќана километражата.