Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност денеска беше потпишана помеѓу Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Од следниот месец, средномедицинскиот кадар ќе добива дополнително по 1.500 денари, докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники ќе добиваат плус 3.756 денари, лекарите специјалисти во општите болници по 4.060 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести платата ќе им се зголеми за 4.548 денари.
На оваа сума треба да се додаде зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ножен труд со што претставува сериозна вредност која ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем.
Од Министерството за здравство истакнуваат дека со потпишување на денешната Спогодба се отвора формалниот пат за зголемување на платите на сите вработени во здравството за пет проценти, односно зголемување на основицата за пресметување на платата, за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари.