Оваа Нова година ја дочекавме без снег во Скопје, но и во останатите градови низ Република Македонија, а нешто слично се очекува да биде и до крајот на јануари.
Според страницата за прогноза „Accuweather“ до 20 јануари нè очекува облачно време со сончеви периоди, по што се очекува дожд, но ниту на повидок нема најава за снег.
Доколку не се промени нешто драстично во текот на следните денови, тогаш дефинитивно оваа година ќе останеме без снег.