Долговите на граѓаните за сметки за комунални услуги, струја, кабловска телевизија, мобилни и фиксни телефони истекуваат во рок од една година.
Но, долгот може да се наплати и по истекувањето тој рок, а единствен начин корисникот да го избегне тоа е навреме да поднесе приговор.
Националната организација на потрошувачи на Србија посочува дека доколку некој ги тужел за застарено побарување, во никој случај не треба да го избегнуваат решението што им доаѓа од извршителот.
„Сите услуги што доспеваат на месечно ниво застаруваат во рок од една година, согласно Законот за облигационите односи“, посочува правен советник и советува:
„Доказот за уплата треба да се чува за тој период, односно 12 месеци“.
Се случува граѓаните случајно да не платат сметка или можеби не добиле потсетник. Доколку се случи некој да ги тужи за застарено побарување и да добијат решение од извршителот, во рок од осум дена мора да поднесат приговор и да се повикаат на застареност. Само така можат да спречат присилна наплата на долгови.
„Грешка е граѓаните да веруваат дека долгот не може да се наплати ако поминат повеќе од 12 месеци или дека ќе избегнат плаќање со отфрлање на решението што им доаѓа од извршителот“, објаснува тој.
Доколку граѓаните не го направат тоа, додава тој, на крајот трошоците ќе им бидат повеќекратно зголемени и долгот ќе биде присилно наплатен. Тој посочува дека со Законот за заштита на потрошувачите се забранува корисниците да се условуваат со наплата на застарени побарувања за повторно да се активираат, односно да им се обезбеди услуга. Сепак, во пракса сè уште се случува.
Би ве интересирало: Кои сметки застаруваат за 1 година?
Мобилните и кабелските оператори имаат право да престанат да даваат услуги за потрошувачите кои не ја платиле сметката два месеци.
Писмо преку извршител
Судот по службена должност не води сметка за роковите, за тоа мора да се грижат потрошувачите.
Својот приговор за застарени побарувања должникот го поднесува преку извршителот до судот, кој донесува одлука за запирање на наплатата.