Ситуацијата не е помалку загрижувачка ниту во Скопје кој вечерва е седумнаесеттиот по ред град со најзаген воздух во светот. Најголема загаденост во главниот град измерила станицата во Ѓорче Петров каде вечерва концентрацијата на ПМ 2,5 честички е за 20 пати поголема од дозволената
Екстремно загаден воздух кој е многу штетен по здравјето. Вака платформата „Ај-кју-ер“ во својот последен извештај од 22 часот го опишува квалитетот на воздухот кој вечерва го дишат тетовчани.
Со индекс на загаденост 247, Тетово го има најзагадениот воздух во земјава.
Според извештајот од мерењето, главен загадувач во Тетово се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 39,4 пати поголема од годишната вредност на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитетот на воздухот. Регистрирани се 196,8 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а дополнително, концентрацијата на ПМ 10 честичките изнесува 199,9 микрограми на кубен метар, што, исто така, е над дозволената граница.
Ситуацијата не е помалку загрижувачка ниту во Скопје кој е седумнаесеттиот по ред град со најзаген воздух во светот. Најголема загаденост во главниот град измерила станицата во Ѓорче Петров каде вечерва концентрацијата на ПМ 2,5 честички е за 20 пати поголема од дозволената.
Алармантна е состојбата и во Битола, Кочани, Велес и Гостивар, каде, исто така, воздухот вечерва е екстремно загаден.
Поради големата загаденост на воздухот, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повикувајќи се на европскиот Индекс за квалитет на воздух на Европската агенција за животна средина, денеска издаде препораки до граѓаните.
Меѓу препораките се граѓаните да останат дома ако немаат потреба да излегуваат, да се носи маска, да не се отвораат прозорците, да се намали физичкиот напор на отворено, редовно примање на терапиите, да се избегнува престој на отворено, да се користи прочистувач на воздух.
извор: 360stepeni.mk