Сонцето се проби низ маглата за првпат по неколку дена.
Очекувано беше нивото на загаденоста на воздухот да се намали. Но за чудо, специјализираниот сајт за следење на квалитетот на воздухпот iquar.com во поголемите градови во светот и по 14 часот покажа дека Скопје е високо искачено на таа листа на градови каде воздухот е загаден. Скопје е на петтото место со индекс на квалитетот на воздухот од 181 што сигнализира дека воздухот е сериозно опасен по здравјето на луѓето.
Високо ниво на загаденост на воздухот покажува и сајтот скопје.пулс.еко каде се гледа дека во некои населби концентрацијата на ПМ10 честички изнесува над 300 мкг на м3, што се дефинира како ужасен квалитет на воздухот.