Посна трпеза, мрсни цени за Бадниковата вечер. Се меси или купува лебче или пита со паричка, риба, гравче, посни сарми, маслинки, урми, ореви, костени, овошје.
Според обичаите - богатата трпеза значи плодна, богата година. Но како граѓаните ги поднесуваат галопирачките цени на основните прехранбени продукти во споредба со ланските?
– Ќе биде поскромно, секако. Скапо е, ете риба мора да има, грав е 300 денари, вино 500, тиква мора да има, околу 4.000, 5.000 денари ќе ме фати сигурно, вели граѓанин.
-Тешко дека ќе стигне 1.000 да се купи се, мора да има посно, ореви, тиква, лешници. Скапо е, затоа трпезата ќе биде поскромна од лани, вели друг граѓанин.
-Испазарив се, цените се високи, оваа година малку поскромно.
Граѓаните согласни – скапо е, но традицијата мора да се почитува. Сител пресмета, колку ќе го чини едно 4 члено семејство скромна традиционална бадниковата трпеза?
-Килограм грав 300 денари.
-Килограм ослич 200 денари.
-Килограм посни сарми 300 денари
-Евтино црвено вино 250 денари
-Килограм мандардини 70 денари
И по некоја маслинка, урма, банана, тиква.. што значни најмалку 1.500 денари. Сепак, секој купува според длабочината на џебот.
-Важно да сме живи и здрави и убаво да си поминеме. Е сега, некој поскромно, некој поопуштено. Еве најскромно, за сите празници рачунав околу 10.000 денари дека ќе ме чини.. И тоа најскормно, вели друг граѓанин.
Утре е Божиќ. На трпезата се служи мрсна храна – се пече месо, се прават салати, кифли и нешто благо. Колку ќе треба да издвои просечниот Македонец без да се задолжи – ќе дознаат на крајот на месецот. Не случајно се вели јануари е најтешкиот и најдолгиот месец во годината.