Канцеларијата на УНИЦЕФ во соработка со Државниот завод за статистика објавува оглас за прием на анкетари за спроведување на Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС6)
Кандидатите за анкетари ќе бидат ангажирани за спроведување на теренската работа за истражувањето МИКС6 што ќе се спроведе во периодот октомври-декември 2018 година. За спроведување на истражувањето кандидатите за анкетари ќе имаат задолжителна обука во траење од вкупно 24 дена, почнувајќи од 1-ви октомври 2018. Истражувањето ќе се спроведе на терен со таблети.
Основни критериуми кои треба да бидат исполнети:
- Најмалку завршено средно образование
- Писменост и математички вештини
- Основни компјутерски вештини
- Одлични комуникациски вештини
- Подготвеност за повремено патување низ земјата, по потреба
Напомена: претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети, како и антропометрија (земање антропометриски мерки) е добредојдено, но не е задолжително. Поттикнуваме да се пријават лица од сите региони на земјата.
Посебни критериуми кои треба да бидат исполнети:
Кандидатите треба да зборуваат, читаат и пишуваат на македонски јазик, и/или на македонски и албански јазик, или македонски и ромски, или македонски и турски. Напомена: За да се оцени познавањето на јазикот ќе има тестирање.
Како да се пријавите
Сите заинтересирани кандидати треба пратат кратка биографија до Марија Мокрова (mmokrova@unicef.org) и Ѓорѓи Митревски (gorgimit@gmail.com), во една електронска порака со наслов „Анкетар за МИКС“, најдоцна до 8-ми септември 2018. Заинтересираните кандидати исто така треба да пополнат образец за пријавување. Образецот можете да го најдете следниот линк: Образец за пријавување МИКС. Доколку имате проблем да пристапите на верзијата што се наоѓа на интернет, ве молиме пратете електронска порака до Марија Мокрова (mmokrova@unicef.org) со име на пораката „Образец за пријавување за МИКС“ и побарајте дигитална верзија на образецот за пријавување.
Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и ќе треба да бидат достапни да учествуваат во писмени тестови и интервјуа.
Повеќе информации за МИКС може да најдете на http://mics.unicef.org.