Божиќното лепче се замесува на Бадник или на божиќното утро, а кога целото семејство ќе се собере околу празничната трпеза, се крши и се јаде.
Во него вообичаено е да се стави паричка во зависност од локалните обичаи. Паричката се става во моментот кога тестото е веќе замесено, а потоа, откако ќе се стави, се „замесува“ уште малку, па и домаќинката да не знае каде е паричката.
Се верува дека оној кој ќе најде паричка во својот дел ќе има среќа, здравје и богатство во текот на целата година. Доколку, пак, никој од присутните не ја најде, а паричката се наоѓа во парчето што е намането за домот, тоа значи дека сите во куќата ќе имаат среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.
А ако сте ја нашле паричката, знаете ли како треба да ја чувате? Според обичајот, паричката од лепчето се чува на иконата или до неа се до следниот Божиќ, бидејќи се верува дека тој што ќе ја најде ќе биде среќен и богат во текот на целата година.
Во некои области, паричката се лепи за таванот со малку тесто, за да остане во куќата и да ги заштити сите членови на домаќинството, паричката, како што е адетот треба да се симне од таванот на следниот Божиќ, за да се купат кибритчиња за палење на огнот, за огништето во куќата никогаш да не згасне.