Под мотото “Се упатуваме кон дом за згрижување на стари лица и ги носиме спрејовите за графити со нас“ компанијата BREON го најави својот специјален, 8-ми по ред, Social Friday кој ќе се одржи на 14 септември 2018 година.
Не... ова не е повик за вандализирање на домовите на нашите постари сограѓани. Напротив, компанијата организира натпревар во цртање на графити во чест на постарите граѓани.
“Заедно со помош на неколку локални артисти и графити експерти ќе цртаме на платно и ќе создадеме уметнички дела кои потоа ќе бидат изложени во Галерија Акантус. Приходите од целокупната продажба ќе бидат донирани во домот за стари лица“, стои во официјалниот постер на BREON.
Ние како општествена компанија ќе бидеме присутни и ќе ги поддржиме нашите пријатели од BREON во оваа иницијатива за промовирање на корпоративна општествена одговорност која прави мост помеѓу урбаната култура и општествената кауза.
Сакаме да ве поканиме и вам: вработени, невработени, студенти... граѓани, да дојдете и да бидете дел од 8-от Social Friday настан кој ќе се одржи во Скопје. Единствениот услов за учество е да го понесете вашето добро расположение, а ние ви гарантираме одлично поминато време и многу изненадувања!
Детали за настанот:
Локација: Резиденција Дабески (www.dabeski.mk)
Адреса: ул. 2, бр. 27, Сопиште, Скопје
Датум: Петок, 14. Септември
Час: 14:00
Пополнете го формуларот за пријавување овде
(бројот на учесници е ограничен)