Правото да се пензионираат на релативно млада возраст е многу важно за Французите, особено кога расте незадоволството на граѓаните од постојано зголемувањето на трошоците за живот.
Потребни се реформи за да не потоне во минус буџетот за пензиите, посочува Макрон. Стапката на вработеност на лицата на возраст од 60 до 64 години во Франција е една од најниските меѓу водечките индустријализирани земји.
Нема кој не ја критикува реформата
Макрон првично сакаше да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 65 години, но попушти пред неколку недели. Според владиниот план, старосната граница за пензионирање од септември постепено ќе се зголемува за три месеци годишно, така што во 2030 година ќе се воведе целта од 64 години.
Од 2027 година, осум години порано од планираното во претходните реформи, ќе треба да се работи 43 години за целосна пензија.
Можеби ќе ве интересира: Кои земји се најдобри за стареење?