Дали сте тип кој може да седи цел ден затворен во канцеларија или би сакале вашиот работен ден да е исполнет со многу луѓе, разговори, состаноци?
Броењето минути пред да чукне 4:00 им е доста познато на оние кои цел ден се седнати на биро, позади пултот, зад шалтерот, зад мониторот.. Од оние другите пак, кои имаат динамична работа, често ќе слушнеме „Кај отиде денот?“.
Многу истражувања и статистики во светот покажуваат дека работата во угостителството (поточно работата како келнер) е една од најдинамичните и нуди најмногу опции за ширење на кругот на познанства и можности.
Истото мислење го делат и корисниците на нашиот веб сајт.
Во анкетата Која е најголемата предност од работа во угостителство? на Vrabotuvanje.com дури половина од испитаниците одговорија Запознавање на широк круг на луѓе (49%).
30% сметаат дека можноста за додатна заработка преку бакшиш е најголемата предност на оваа работа. Бакшишот не е воопшто за потценување, само треба да знаете како.
Останатите го делат мислењето дека најголемата предност да се работи во угостителство е можноста да се работи на атрактивни локации – 10% (на туристички места, во странство, во урбани средини) а 11% сметаат дека предноста на оваа професија е стекнување со работни навики.
Не случајно многу големи светски имиња својата кариера ја започнале токму како келнери или бармени. Се учиш на работни навики, имаш можност да студираш и да работиш попладне, учиш да го цениш секој заработен денар, да се радуваш на секој бакшиш, секојдневно запознаваш нови луѓе и ти се отвараат безброј можности.
Сега следува прашањето, што ако немате искуство, што ако не знаете како и ви треба обука? Сите одговори ќе ви ги даде Тренинг центарот Академик.