Футуристите веќе подолго време предвидува иднина исполнета со помагала кои функционираат со помош на вештачка интелигенција и автоматизирани средини чие функционирање ќе може да се контролира преку човековиот глас. Сега, кога се наоѓаме на самиот раб од реалноста која во минатото ја замислувавме, време е да одлучиме што е потребно да направиме за да се адаптираме на новиот свет кој полека се приближува.
Според технолошката компанија Dell Technologies иднината мора да ја дочекаме 100 проценти подготвени. Токму затоа, компанијата спроведе истражување на 3.800 светски бизнис лидери со цел да дознае како брзорастечките технологии како што се вештачката интелигенција (AI) и интернетот на нештата (IoT) ќе го обликуваат начинот на живот и работа до 2030 година.
Партнерство помеѓу машините и човекот
Дури 82 проценти од бизнис лидерите очекуваат дека за околу 5 години луѓето и машините ќе работат како тесно интегрирани тимови. Дваесет и шест проценти од испитаниците велат дека работната сила и машините веќе функционираат вака во рамките на нивните компании.
“Силното партнерство помеѓу луѓето и машините ќе резултира со уште посилни меѓучовечки односи“, вели Карен Квинтос – главен директор за клиенти во Dell. Тој смета дека со примена на машинското учење и вештачката интелигенција врз податоците за клиентите, компаниите ќе бидат во можност да го предвидат однесувањето на своите потрошувачи како никогаш досега.
Но, бизнис лидерите се поделени околу ставот како ова ќе се одрази врз нивните позиции, нивните бизниси и светот во глобала. 50 проценти од нив сметаат дека автоматизираните системи ќе им овозможат поголемо слободно време, а само 42 отсто сметаат дека ова ќе го зголеми задоволството од работата во иднина бидејќи луѓето ќе бидат во можност да ги делегираат непосакуваните работни задачи на машините.
Поддршка за работната сила
“Иако може да има моменти на неизвесност, императив е ние како лидери да ја одржуваме нашата работна сила ангажирана, возбудена и отворена кон нови можности“, вели Лиз Метјуз – виш потпретседател за глобален бренд и креативен маркетинг во Dell. Според неа, овозможувањето на флексибилност на работната сила е круцијално за успех. За да се постигне тоа, бизнис лидерите треба да се стремат кон:
- усогласување на компензацијата, обуката и KPI индикаторите кон дигиталните цели;
- мотивирање на повисоките менаџери да се стремат кон дигитални промени;
- едуцирање на сите вработени да кодираат и да развиваат софтвер;
- поврзување на луѓето и машините во еден интегриран тим.
Иднината на учењето
85 проценти од работните места во 2030 година се’ уште не постојат, па затоа е тешко да се предвиди кои вештини ќе бидат потребни во иднината. Сепак, она што е важно е дека треба да се фокусираме на нови методи на учење – способноста да се научат нови вештини ќе биде неверојатно корисна во ерата на трансформацијата. Всушност, знаењето да се научат повеќе работи ќе биде многу поважно од познавањето на една конкретна работа.
Иако традиционалните училишта и тренинг програми се’ уште ќе бидат неопходни, студентите се повеќе ќе се насочуваат кон онлајн курсеви со цел да стекнат нови вештини. Во моментов, 49 проценти од младите на возраст од 18 до 24 години се веќе ангажирани во некоја форма на учење која ќе им помогне да стекнат нови дигитални вештини.
Не очекува интересна и неизвесна иднина како професионалци.