Денеска пензионерите на своите сметки ќе ја добијат втората исплата на финансиската поддршка за оние со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетраење од четири месеци.
Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари.
Ова не е единствената финансиска поддршка за пензионерите предвидена со антикризни мерки.
Финансиска помош во вкупна вредност од 3.000 денари, добија 330.000 пензионери, за месеците март, април и мај 2022 година.
Пензионерите во 2023 година влегоа со повисоки пензии за околу 10%. Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година.