Во рамки на Економско-социјалниот совет, во март ќе се разговара за минималната плата согласно податоците добиени од Државниот завод за статистика и се очекува таа да биде околу 20.200 денари.
Се очекува минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13 отсто или за околу 2.000 денари повисока од 2022 година. А ако се земе наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000 денари повисока минимална плата.
Во март со покачувањето на минималната плата, сите вработени во државната администрација, кои земаат плата согласно Законот за административни службеници, ќе земат плата поголема за онолку проценти колку што е разликата односно процентот на пораст на трошоци за живот и порастот на просечната плата.
На темата издвојуваме: Минималецот ќе расте, но дали незадоволството ќе се намали?
Во однос на поддршката за граѓаните во време на економска и енергетска криза, актуелни се антикризните мерки кои во моментов се активни, а ги опфаќаат најранливите категории на граѓани, кои од декември до март ќе се исплаќаат секој месец.