Минатата година Peugeot 308 ја освои титулата Светски автомобил на годината за жени, а овогодинешниот победник ќе биде објавен на 8 март, Меѓународниот ден на жената.
Членовите на жирито за женски светски автомобил на годината (WVCOTI) почнуваат да гласаат за наградата за женски светски автомобил на годината.
Во првиот круг на гласањето, 60 автомобилски новинарки од 44 земји во светот избираат меѓу 59 кандидати за автомобили за наградата што секоја година ја доделува ова здружение на новинарки.
Прво ќе ги избере победниците во шест различни категории: градски автомобил, семеен автомобил, голем седан, голем теренец, спортски автомобил и 4x4/пикап.
Автомобилите кои ќе постигнат највисока оценка во секоја од категориите одат во следната фаза на гласање, по што ќе се избере најдобриот женски автомобил во светот за 2023 година.
Победниците во секоја категорија ќе бидат објавени на 15 февруари, а целокупниот победник ќе биде објавен на 8 март, Меѓународниот ден на жената.
Можеби ќе ве интересира: Дали сте знаеле дека Кралицата Елизабета Втора во младоста работела како автомеханичар, возела камион и брза помош?
Целта на овај натпревар е да се препознаат најдобрите автомобили на годината и да се даде глас на жените во автомобилскиот свет.
Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи кои го водат секој возач при купувањето возило.
Аспектите како што се безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, леснотијата на возење и влијанието врз животната средина, меѓу другото, се фактори кои жирито ги зема предвид при гласањето.