Иако денес не можеме да го замислиме денот без мобилен телефон и сè што имаме на него, некогаш тој служеше само за повици и СМС пораки и имаше по некоја забавна ставка.
Би можело да ве интересира: Во Етиопија годината трае 13 месеци, наместо 2023, сега во оваа земја е 2015 година
Едно од нештата за разонода на старите мобилни беа игрите, помеѓу кои најпопуларна беше „Snake“ која многумина ја играа на „Nokia“.
„Nokia“ беше телефон кој повеќето го имаа, а со напредокот на технологијата речиси се заборави и легендарната игра.
Но, се чини дека креаторот на „Snake“, Танели Арманто, ги послушал желбите на многумина и ја направил играта достапна и за паметните телефони. Нејзиното име е „Snake '97: retro phone classic“, а истата може да се симне на телефоните со „Android“ и „iOS“ оперативен систем.
Играта изгледа речиси идентично како и оригиналот и е вистинско изненадување за сите кои обожуваа да играат „Snake“ пред појавата на паметните телефони.