Околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ.
– Потврдени се чартери за средината на мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања. Очекувањата на ТУИ – Холандија за 2023 година се приближно 15.000 туристи, што претставува најголема бројка досега, стои во информацијата фејсбук профилот на АППТ .
Интересот за македонскиот туристички пазар, според Агенцијата, е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа.
Доколку сте заинтересирани за работа во Охрид, погледнете ги сите активни огласи на ЛИНКОТ.