Право на регрес за годишен одмор (К-15) имаат сите вработени во приватниот сектор кои работеле кај ист работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година. Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.
Според Колективниот договор, основицата за пресметување на регресот за годишен одмор на работниците преставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.
Ние направивме анкета на тема „Што ќе направите ако ви побараат да вратите К-15?“, а посетителите на нашиот сајт си го кажаа своето мислење.
7% од испитаниците се изјасниле дека ако им побарано, ќе го вратат К-15 - а на ова следи коментар „Затоа што нема каде да пријавиш и да пријавиш џабе е, никој ништо не превзема за работниците, посебно не за тие што работат во приватни компании“.
10% или 106 испитаници одговориле дека ќе вратат К-15 и ќе дадат отказ.
Дури 30% од испитаниците се изјасниле дека доколку им е побарано, нема да вратат К-15, а во еден од коментарите се вели „Не враќам. Доколку висината е повисока од законската, само разликата ќе ја вратам“, а друг коментар гласи: „Тие пари се мои не се за враќање“.
Најголем дел - односно 53% или 579 испитаници одговориле дека ќе пријават. Тука следи и коментар од типот „Никој нема право да ми бара да вратам К-15, затоа што К-15 му следува на секој работник, како во Македонија така и во ЕУ“. А друг коментар вели „Ќе пријавам и ќе дадам отказ“.
Според правилата, треба да се исплати најмалку 40 отсто од просечната плата во моментот. Казните за работодавачите се и до 4.000 евра.
За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Кој би бил вашиот избор доколку треба да се вработите во некоја од приватните болници во Македонија?