Во Германија недостасуваат стотици илјади станови, поточно 700.000, пресмета Здружението „Социјално домување“. Тој тренд се зголемува, пишува германската новинска агенција ДПА.
Конфедерацијата на здруженија на станари, градежни синдикати и социјални и индустриски здруженија предупредуваат на зголемен недостиг на станови во Германија.
Според студијата на Институтот Пестел во Хановер и Градежниот истражувачки институт ARGE во Кил, помеѓу јануари и септември минатата година, околу 1,25 милиони луѓе дошле во Германија повеќе отколку што заминале во истиот период. Ова е највисокиот миграциски биланс барем од обединувањето на Германија. Главната причина се воените бегалци од Украина.
Но, според здружението, многу новодојденци наоѓаат премалку простор за живеење. Покрај тоа, изградбата на станови забавува бидејќи многу луѓе повеќе не можат да си дозволат да градат поради повисоките камати и скапите материјали.
Следствено, постои особен недостиг на станови со пристапни цени. Првичната цел на федералната влада е годишна изградба на околу 400.000 станови, од кои 100.000 треба да бидат социјални.