Би можело да ве интересира: Сакате да реновирате во домот? Бидете спремни за ценовен "шок"
Меѓу огласите на интернет има многу гарсоњери со површина од 20, 26, 29, 30 квадрати, но има и помали со површина од 14 квадрати, лоцирани во внатрешноста на Македонија.
Луѓето кои сега продаваат или веќе ги продале овие имоти, велат дека граѓаните ги бараат малите станови. Тие најмногу одговараат за самци или за два лица, додека за семејство со деца е потребен поголем простор.
Друга скопјанка која исто така продала гарсоњера, го дели ставот дека има интерес за купување на станови со мала квадратура.
Во Битола и Кавадарци постојат мали станови со површина од 14 метри квадратни.
Во Охрид има мали станови од по 20 квадрати кои се издаваат за туристи. Во Штип станови со површина од 20 или 22 квадрати се продаваат или издаваат за студенти.
Српските медиуми скоро пишуваа на оваа тема, дека иако гарсоњерата треба да има 26 квадрати, сепак на пазарот на недвижности се нудат и мини гарсоњери од 10 или 11 квадрати кои се скапи со оглед на фактот дека се наоѓаат во српската престолнина Белград. Дури беше наведено дека кај нив се популаризираат и мини монтажни куќи кои имаат само 16 метри квадратни површина. Се става акцент на мала површина, која е ефективно искористена.