Дали некогаш сте слушнале за терминот „параскевидекатриафобија“?
Можеби е време да го научите неговото значење бидејќи може да ви донесе два дополнителни слободни дена годишно.
Имено, „параскевидекатриафобијата“ претставува интензивен, прекумерен и наводно ирационален страв од петок тринаесетти. Но, каква врска има тоа со вас?
На пример, во 2015 година, 13-ти во месецот три пати се паднал во петок.
Значи, ако сé уште не сте развиле страв, не е доцна да го сторите тоа и да си добиете продолжен викенд.
Се верува дека петок 13-ти е поврзан со две многу поранешни суеверија. Луѓето кои развиле „параскевидекатриафобија“ веруваат дека повеќето задачи, од одење на пат до шишање, можеби се лоша идеја на овој ден.
И тоа не е толку до денот, колку до бројот „13“. Имено, ако ги прашате оние кои имаат ирационален страв за оваа бројка, ќе ви кажат дека бројот „12“ се смета за целосен број, на пример има 12 стрелки на часовникот, 12 месеци во годината.
Така, бројот „13“ се смета за неправилен и опседнат.
Како да добиете слободен петок 13-ти?
Без разлика дали се плашите или не, вреди да го убедите вашиот шеф дека стравот постои, бидејќи „параскевидекатриафобијата“ е едно од најраспространетите суеверија.
Но, внимавајте, ако вашиот шеф е шпанец, грк, италијанец или кинез, може да имате проблем. Имено, во шпанската и грчката култура вторник е суеверен, додека кај италијанците и кинезите оваа бројка се смета за неверојатно среќна.