Сите цигари кои се произведуваат или увезуваат во Србија од 1 јануари годинава мора да се произведуваат со хартија за самогаснење, како што е предвидено со стапувањето во сила на новата уредба за утврдување на листата на стандарди од областа на општата безбедност на производите.
Цигарите кои не го исполнуваат овој услов може да се најдат на пазарот во наредниот период само во случај на залихи произведени или увезени пред 1 јануари 2023 година.
Замената на обичната хартија со хартија што сама гасне, која не влијае на вкусот на цигарите, е дел од процесот на усогласување со стандардите на Европската Унија, со цел можноста за пожари предизвикани од неизгаснати цигари да се сведе на минимум.
Правилникот за утврдување на листата на српски стандарди од областа на општата безбедност на производите беше ажуриран во 2021 година и за прв пат ги опфати стандардите поврзани со хартијата за цигари, а Министерството за економија соработуваше со тутунските компании при неговата подготовка.