12 спасители на вода во 4 екипи и околу 15 медицински лица ќе се грижат за безбедноста на капачите кои ќе скокаат по чесниот крст во Охридското езеро но и за посетителите на големиот празник Богојавление – Водици. Со оглед на тоа дека температурата на водата ќе биде околу 9 степени а и според најавите за ветер се очекува езерото да биде разбранувано од Црвениот крст апелираат на внимателност.
Од денеска од 19 до 23 часот на пунктот поставен пред Капетанија медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.
Доколку дозволат временските услови Светиот крст во водите на Охридското езеро ќе биде положен во 10:00 часот од колцето на градското пристаниште. Но, ако дува силен ветар како што најавуваат метеролозите положувањето на крстот ќе биде од бродот „АРМАДА“ кој заедно со бродот „Македонија“ ќе бидат закотвени на пристаниште. За празникот Водици градот очекува илјадници верници.
извор: sitel.com.mk