Првиот „Mercedes-AMG One“ е подготвен за испорака.
Верувале или не, поминаа пет и пол години откако „Mercedes“ го запрепасти светот со претставувањето на концептот „Project One“ на салонот во Франкфурт. Беше и остана навистина посебен автомобил кој буквално ја носи Формула 1 технологијата на патиштата.
Сега конечно е произведен првиот примерок за пазарот. Автомобилот, ако воопшто можеме да го наречеме така, има германски регистарски таблички со јасно ознака „ON1“.
Однадвор е речиси целосно црн, со само неколку зелени акценти, црвени детали на покривот и бела ознака „AMG“ на централната „перка“.
Можеби некој не е најбрз на хартија, но се покажа како најбрз на патека. Тој е рекордер на патеките во Нирбургринг, Хокенхајм и Ред Бул Ринг.
Ќе бидат произведени само 275 примероци. Сепак, не е познато кој го купил првиот автомобил. Се споменуваа многу имиња, меѓу кои и Ф1 возачите Луис Хамилтон, Нико Розберг и Дејвид Култхард.
Меѓу познатите купувачи кои се пријавиле на списокот за нарачки се Мани Кошбин, актерот Марк Волберг и романскиот бизнисмен Јон Цириак.
За потсетување, „One“ е придвижуван од хибриден склоп кој се состои од 1.6 V6 бензински мотор со 574 КС кој „врти“ до 11.000 вртежи во минута.
Има четири електромотори, по еден за секое предно тркало, еден поставен покрај V6 моторот со над 160 КС и четврти од 121 КС поврзан со турбината.
Батеријата има капацитет од 8,4 kWh и обезбедува електричен досег од 18 километри.
До 100 км/ч достигнува за 2,9 секунди, а до 200 км/ч за само седум секунди. Максималната брзина е 352 км/ч.
Монтажата на автомобилот се одвива во центарот на „AMG“ во Ковентри, Велика Британија, додека хибридниот погон со четири електрични мотори доаѓа од одделот „Mercedes (High Performance Powertrains)“ лоциран во Бриксворт.
Го составуваат истите луѓе кои се одговорни и за Ф1 болидите.
Инаку сите примероци биле однапред продадени по почетна цена од околу 2,75 милиони евра.