Кражбите во продавниците се зголемени за 18 отсто во однос на претходната година, а нивната инфлација во декември достигна рекордни 14,7 отсто, пишува Mirror.
Храната масовно се краде и од супермаркетите, а она што до неодамна беше незамисливо стана секојдневие во лондонските продавници. Поради огромните загуби во паричните приходи, трговците на мало почнаа масовно да ставаат катанци и аларми на бројни прехранбени производи, дури и млеко, сирење и јајца.
Ваква заштита досега имаше само на луксузни технички производи и облека, но дека основните животни потреби ќе бидат заклучени, е тоа е веќе нешто ново, коментира Mirror.
Во последно време најмногу се краде шницлата. Како што пишува Мирор, во продавницата на Теско во центарот на Лондон почнале да ги заклучуваат и фрижидерите. Им ставиле катанци за да ги спречат муштериите сами да го земат месото и да ги спречат потенцијалните крадци да го украдат и подоцна да го препродаваат евтино.
Поврзано на темата: Дали со растот на платите и пензиите се намали и сиромаштијата?
На фрижидерот ставиле табла на која се повикуваат клиентите да контактираат со продавачите доколку им треба парче месо, а слична практика воведоа и други продавници низ Велика Британија.
Експертите велат дека проблемот е сериозен и дека крадците на стекови може да ги чинат продавниците и до 15 отсто од нивниот профит.
извор: faktor.mk