Комерцијалистот самостојно организира и извршува набавка и продажба во домашната земја и во странство со деловна комуникација на македонски и странски јазик. Ажурира и анализира деловни информации за напредно користење на информатичката технологија во согласност со етичките начела за работа и законските прописи. Организира складирање и осигурување на стоки.
Главна задача е да ја одбере соодветната стока, да ги заинтересира купувачите за стоката што ја нуди во процесот на продажба, да ја реализира продажбата и да ја наплати продадената стока. Склучува купопродажни договори и останува во постојан однос со деловните партнери. Ги истражува потребите, забелешките на деловните партнери и движењата на пазарот со цел да ја прилагоди стоката на потребите на потрошувачите. По завршувањето на продажбата, комерцијалистот ги посетува деловните партнери како би го проверил задоволството, дали стоката ги задоволува потребите и ги едуцира оние кои ја користат истата. Дали Ви звучи примамливо описот на позицијата?
Погледнете ја денешната понуда на активни позиции од овој сектор:
Euro-Grands dooel од Скопје увозник за Браво сокови и оранзирана гала има потреба од:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ за реон Охрид и Струга
Плата: 30.000 денари + БОНУСИ
Затоа што ние го дистрибуираме најдоброто вреди да ни се придружите. КОЛА вработува во Битола, Прилеп и Ресен. Почетната плата изесува 20.000 денари а се работи 5 дена во недела од 8 - 16 часот. Сите информации се на ЛИНКОТ.
B.M Group е семејна групација, која се занимава со трговија и дистрибуција и покрива 10 пазари во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД. Во моментот имаме потреба да го прошириме нашиот тим на следната позиција:
Комерцијалист за амбулантна продажба
Почетна плата: 24.500 денари + БОНУСИ
Фирмата АЛТЕА ММ со дејност продажба и дистрибуција на алкохолни пијалоци објавува оглас за вработување на:
Комерцијалист за продажба HORECA и ТТ
за следните подрачја: Скопје, Западна, Источна, Централна Македонија
Доколку имате завршено Стоматолошки факултет еве одлична шанса за работа во ПРОМЕДИКА. Потребни ни се 2 кандидати со познавање на стоматолоши материјали и опрема. Подетално за позицијата погледнете ОВДЕ.
Феникс 555 ДООЕЛ официјален претставник на германскиот концерн FÖRCH, кој нуди над 40.000 артикли и ја покрива територијата на Р.Македонија објавува оглас за:
Комерцијалист на терен
Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, застапник на реномираните брендови: SUNDAY, KRASH, BARILLA, MUTTI, WUDY, DUEL, PIVAC, POLIMAR и многу други ВРАБОТУВА во Струмица. Погледнете ги условите ТУКА.
За потребите на компанијата ВИНДИЈА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ, ул. Јадранска Магистрала 47А, Скопје, се објавува оглас за пополнување на следното работно место:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ НАРАЧАТЕЛ
(за целокупната македонска територија)
Ние нудиме:
- работно време од понеделник до петок
- обезбедено опремено амбулантно возило за работа и мобилен уред
- фиксна плата + процент на реализирана продажба
Аплицирајте за работа во СОЛЕТА.
Eуротабак е компанија која се стреми да биде избор БРОЈ 1 за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем. Доколку живееш во Тетово/Гостивар и сакаш да ни се придружиш аплицирај на ЛИНКОТ.
ВИ ПОСАКУВАМЕ УСПЕХ ВО ПОТРАГАТА ЗА РАБОТА!