Компаниите кои имаат ангажирани вработени бележат 21% поголема профитабилност и дури 2 пати поголема лојалност на клиентите кога се грижат за задоволството на вработените во компанијата
Ана Болковац, е проект менаџер во MojPosao веќе 3 години. Магистрирала туризам на Економскиот факултет во Сплит. Но, како што обично се случува, животот ја носи на малку поинаков пат и сега е проект менаџер на порталот MojPosao. Таа има 3-годишно искуство работејќи на проектите Pulser истражување на задоволство на вработените, Најдобри регионални HR практики и „Poslodavac prvog izbora“, иновативни проекти кои ја промовираат улогата и функцијата на човечките ресурси како клучни актери во подобрувањето на искуството на вработените.
Со Ана поразговаравме за трендовите на пазарот на трудот во Хрватска кои ја одбележаа 2022 година:
„Со сигурност можам да кажам дека МојPosao забележа рекордна 2022 година - објавени се 13% повеќе огласи. На платформите MojPosao, веб-страницата MojPosao и мобилната апликација PosLovac, објавени се повеќе од 84.000 огласи за вработување, што е за 13% повеќе во споредба со минатата година и дури 22% повеќе во однос на предпандемиската 2019 година. Огласите за работа примиле речиси 1,5 милиони апликации, што е за 8% повеќе отколку во 2019 година. Ова покажува дека иако медиумите постојано пренесувваат вести за масовни отпуштања во Америка, Хрватска (се уште) не е засегната од таков тренд.
Иако 2021 година имаше силен раст и најголем број вработувања во Хрватска досега, 2022 беше уште подобра. Најголемо влијание врз растот имаше секторот туризам и угостителство. Интересно е што имавме помалку огласи за работа во странство, што укажува на благ пад на трендот на иселување на населението. Треба да се напомене и дека минатата година во Хрватска имавме приближно 120.000 невработени лица. Токму овие луѓе со програми за доедукација и преквалификација можат да станат клучна работна сила за понатамошен развој на домашниот пазар на труд. За жал, платите станаа главна причина поради која вработените ги напуштаат сегашните работни места, а со зголемениот број странски работници, се чини дека оваа година не очекуваат уште многу предизвици“ - вели Ана.
Регионалниот онлајн саем за вработување, Истражување за задоволството на вработените - Pulser и Истражувањето за плати - Moja Plata се услуги кои се достапни на вашиот пазар долго време. Какво е вашето и искуството на вашите клиенти со овие дигитални алатки?
„Клиентите често се одлучуваат за дигитални алатки бидејќи тие се многу побрзи и полесни за пристап до (потенцијалните) вработени. Посетеноста на Регионалниот саем за вработување е многу висока и досегот до потенцијалните кандидати за работа е исклучително голем, па клиентите со задоволство ослучуваат да се претстават на виртуелниот саем. Во Pulser, од друга страна, на клиентите им се допаѓа стандардизацијата, леснотијата на имплементација целосното online спроведување и брзината на пристапот до извештаите за задоволството на вработените. Со Моја Плата можете да ги споредите платите на одредени позиции со неколку кликови. Придобивките се многубројни, а што велат нашите клиенти за Pulser можете да прочитате на следниот линк.“
Она што е најново во Македонија е Истражувањето за задоволство на вработени - Пулсер. Првиот истражувачки циклус ќе го завршиме во февруари, а веќе во март ќе доделиме награди за Најдобар работодавач во Македонија во 2022 година. Какво е вашето искуство со ова истражување? Колку години го користите, колку компании од Хрватска го користат, какви се нивните искуства?
„Најпрво, честитки за воведувањето на алатката за истражување на задоволството на вработените на македонскиот пазар. Бројни студии потврдуваат колку е важно за напредокот на компанијата да се испита задоволството на вработените. Оваа алатка во Хрватска ја нудиме веќе 16 години, а повеќе од 500 компании ја имаат имплементирано. Годишно, во просек 60-70 компании го спроведуваат истражувањето, но голем дел исто така го испитуваат задоволството на ниво на нивните групи или имаат интерни анкети, а свесноста за важноста од спроведување на анкети за задоволството на вработените се зголемува од година во година. Секој од клиентите гледа одредена придобивка во спроведувањето на истражување користејќи ја алатката Pulser, некои ја користат алатката Pulser како дополнителна потврда за задоволството на вработените, одредниците со другите компании и преглед на резултатите од истражувањето кои одговараат на некои клиенти. За други е погодна споредба во текот на годините или брз пристап до резултатите од истражувањето, додека за некои најголема придобивка е самиот прашалник кој е сеопфатен и ги опфаќа сите области на задоволство на вработените.“
Ова истражување го направија најголемите компании во Хрватска, како што се Икеа, DM, Атлантик груп, Римац автомобил, DHL, P&G и многу други. Дали истражувањето има ефект врз подобрување на имиџот и зголемување на бројот на пријавени кандидати на огласите на овие компании?
„Дефинитивно влијае на подобрување на имиџот на најдобрите работодавачи, но освен тоа, многу компании знаат да се „пофалат“ дека спроведуваат истражување за задоволството на вработените, иако не биле прогласени за најдобри. Тие едноставно сметаат дека е важно да истакнат дека се грижат за искуството на своите вработени, што вработените го ценат. Најдобрите работодавачи добиваат и беџ кој се прикажува на порталот MojPosao кога објавуваат огласи за работа, а повеќето од нив сакаат да го истакнат и се гордеат со ова признание бидејќи тоа влијае и на растот на апликациите на нивните огласи.“
Кажете ни повеќе за наградените компании и што значи наградата Најдобар работодавач за нив?
„Секоја година ги избираме Најдобрите работодавачи во категоријата големи, мали и средни компании, како и во поединечни индустрии. Тоа се компании кои бележат високи нивоа на задоволство на вработените, а често некои компании се наоѓаат на листата на Најдобри една година, а следната не, па третата повторно, што зборува за силна конкуренција и постојана работа за напредок и подобрување на благосостојбата вработените. Сепак, она што и дава посебна тежина на оваа награда е тоа што ја доделуваме врз основа на оценките на вработените за нивната компанија, а тоа е всушност највредното нешто за employer branding на компаниите - потврдата од нивните вработени дека се најдобри.“
Колку е важно да се провери нивото на задоволство на вработените во една компанија?
„Дефинитивно е од голема важност да се провери нивото на задоволство на вработените во компанијата. Придобивките се многубројни, што е потврдено, како што споменав, со различни истражувања. На пример, компаниите кои имаат ангажирани вработени бележат 21% поголема профитабилност и дури 2 пати поголема лојалност на клиентите кога се грижат за задоволството на вработените во компанијата. Значи, не е наменет само за работодавачите, туку и за раководителите на сектори и конечно за вработените, бидејќи тие се оние кои го водат бизнисот и ќе обезбедат дополнителен напор за благосостојбата на компанијата ако видат и почувствуваат дека компанијата се грижи за нив.“
Врз основа на вашето долгогодишно искуство и работа со успешни хрватски и меѓународни компании, која е вашата препорака за компаниите од Македонија?
„Би препорачала, а тоа е она што често им го спомнувам и на нашите клиенти, компаниите да го спроведат истражувањето што е можно потранспарентно, на сите вработени со јасно пренесена цел за тоа што се посакува од истражувањето. Важно е и резултатите од истражувањето да им се пренесат на вработените и да се создаде конкретен акционен план, за вработените да се чувствуваат подобро и поудобно на работното место. Тогаш работникот навистина ќе почувствува дека е ценет и дека работодавачот работи на неговото задоволство.“ - заклучува Ана.
Сè уште размислувате дали треба да го дознаете степенот на задоволство на вашите вработени? Проверете на Pulser.mk или побарајте нè на 070356813.