![На ОВА МЕСТО во Македонија има 90 сантиметри снег](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/54/cf8c5e45-resize-820x0x100.jpg)
Прочитај: Ер Србија нуди карти по намалени цени за 40 дестинации, меѓу кои и Скопје
На Попова Шапка има снежна покривка од 90 сантиметри, во Маврово 21, а 11 во Крушево, соопшти УХМР.
Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 54 литри на квадратен метар, во Куманово 43, Тетово 37, Битола 31, Скопје 24 литри.
Најниска температура од -2 степени изутринава е измерена на Попова Шапка, -1 Маврови Анови, во Скопје 7, а најтопло е во Гевгелија и Демир Капија со 8 степени.
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат, а во западните делови ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.
Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.