Триесет и шест ученици од општина Кавадарци оваа учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство.
Вака денеска беше одговорено од Секторот за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа, на прашање од советникот Круме Богевски, во рамки на седница на Совет на општината. Во оваа бројка влегуваат 30 ученици од основните и шест од средните училишта.
Би можело да ве интересира: Во првото полугодие 81 ученик од Штип се отпишале поради заминување во странство
Во оваа учебна година, во основно образование се запишале 3.129 ученици. Во средно образование, 1.428 средношколци.