Празна батерија, во ситуација кога сме надвор или кога навистина ни е потребен телефонот, може да биде прилично фрустрирачка ситуација.
Можеби ќе ве интересира: Мислите дека знаете што значи „i“ во iPhone? Одговорот може да ве изненади!
Дали понекогаш се чувствувате како батеријата да ви се троши премногу брзо?
Додека се чека разврска на овој скандал, прочитајте кои се најчестиите причини зошто батеријата на вашиот телефон се испразни премногу брзо.
Прејако осветлување на екранот
Јакото осветлување на екранот е една од најочигледните причини за брзо празнење на батеријата. Значи, за да ви трае батеријата подолго, треба да ја намалите осветленоста на екранот, а ќе ви помогне и ако изберете темен (економичен) режим.
Можете исто така да ја прилагодите осветленоста на телефонот за да се прилагоди на надворешното светло. Ова ќе му овозможи да се затемни во средини со слаба осветленост и да осветли во светли средини.
2. Апликации во позадина
Апликациите во позадина во суштина работат дури и кога не ги користите активно. Некои од нив се VPN, антивирусни апликации, здравствени и календарски апликации. Тие апликации надгледуваат или контролираат одредени аспекти на вашиот телефон без ваша интервенција, што иако е погодно, значително ја троши вашата батерија.
Исто така, веројатно не ви требаат многу од овие апликации кои работат постојано во позадина. Во поставките на вашиот уред, можете да најдете опција за оптимизација на батеријата која, доколку се активира, ќе ги затвори сите непотребни апликации во заднина. Благодарение на таа опција, вашата батерија може да трае значително подолго.
3. Секогаш сте онлајн
Ако постојано имате вклучени мобилни податоци или Wi-Fi, тоа сигурно ќе влијае и на траењето на батеријата бидејќи постојано ќе добивате известувања, ажурирања во заднина и многу повеќе кога нема да ви требаат.
Кога одите на спиење, препорачливо е да ги исклучите WiFi и мобилните податоци, а можете да изберете и Airplane Mode.