Оваа година швајцарската компанија Нестле ќе мора дополнително да ги зголеми цените на своите прехранбени производи за да ги компензира повисоките трошоци за производство.
Ова денеска го изјави извршниот директор Марк Шнајдер за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
„Зголемувањата нема да бидат толку големи како во 2022 година, но ќе мораме да ги надоместиме во текот на целата година“, рече Шнајдер во интервју за германски весник што ќе биде објавен утре, пренесува Ројтерс.
Би можело да ве интересира: Холандскиот електронски гигант Philips ќе укине 6.000 работни места ширум светот
Во првите девет месеци од 2022 година, најголемата светска групација за храна, која ги произведува чоколадцата KitKet и Нескафе, забележа органски раст на продажбата од 8,5 отсто, додека растот на цените беше 7,5 процентни поени.
Инфлацијата во многу развиени економии е на највисоко ниво во последниве децении, главно поради зголемувањето на цените на храната и енергијата.