Повеќе од 100 милиони луѓе во светот некако ја споделуваат својата лозинка за Netflix со пријателите и семејството, објави компанијата, истакнувајќи дека тоа „влијае на нивната способност да инвестираат во нови ТВ серии и филмови“.
Со други зборови, корисниците отидоа предалеку, а Netflix сака да заработи повеќе пари од нивното споделување на пристап. Во текот на минатата година пишуваат понатаму, истражувале и тестирале како да се воведе наплата за дополнителни корисници, извршиле и демо тест на оваа функција во дел од Јужна Америка, а во наредните месеци ќе биде лансирана глобално.
Оваа недела тие за прв пат воведоа вистински, веќе не експериментален, систем за наплата на дополнителни сметки, а тој ги опфаќа корисниците од Канада, Нов Зеланд, Португалија и Шпанија. Целта, вели Netflix, е да им даде на претплатниците подобра контрола врз тоа кој има пристап до нивната сметка. Се разбира, ова ќе ги чини претплатниците.
Првото нешто што се менува е фактот што претплатниците ќе треба да ја наведат својата „примарна локација“, за да ја регистрираат локацијата на нивното „основното домаќинство“ на системот. Тоа место ќе биде местото каде што ќе треба да се пријават сите дополнителни сметки најмалку еднаш месечно, за да се сметаат за членови на тоа домаќинство. Сите останати ќе подлежат на претплата, но и нивниот број нема да биде ограничен. Претплатниците на стандардниот пакет ќе можат да додадат само уште еден дополнителен член надвор од своето домаќинство на својата сметка, додека оние во Premium пакетот ќе можат да додадат – два.
Оние кои плаќаат основна претплата (Basic) или, на некои пазари, основна со реклами (Basic with Ads), нема да имаат можност да ја споделат сметката со секој што не живее со нив (или не ги посети барем еднаш еден месец).
Што се однесува до цените, за претплатниците во Португалија, пристапот за дополнителен член ќе чини 3,99 евра, а во Шпанија 5,99 евра месечно. За Канада и Нов Зеланд, таа цена е 7,99 долари (канадски и новозеландски).
Дополнителните членови, кои на овој начин ќе останат без пристап до Netflix, ќе имаат можност да ја префрлат својата сметка на нова претплата, а основните членови, како што беше најавено неодамна, ќе можат да излезат од дома на кратко, а сепак да задржат нормален пристап до услугата за стриминг.