До денес, веќе има поминато повеќе од четири милијарди километри во вселената.
На 6 февруари 2018 година, SpaceX лансираше во вселената стар Tesla Roadster и кукла наречена Starman, со својата ракета Falcon Heavy. Двете компании се поврзани со Илон Маск, па беше полесно да се реализира овој потфат.
Поминаа пет години од лансирањето, па интересно е да се открие каде се наоѓа ова дуо вселенски патници. Според веб-страницата whereisroadster.com, која ја следи ситуацијата од лансирањето, Roadster-от патува во елипсовидна орбита која се приближува до орбитата на Земјата и оди сè до орбитата на Марс.
На петгодишнината, автомобилот ја премина орбитата на Марс, но планетата не беше во непосредна близина бидејќи во тоа време беше од другата страна на Сонцето.
НАСА објави дека автомобилот и Starman ќе се приближат до Марс во 2035 година, а до Земјата во 2047 и 2050 година.
Можеби ќе ве интересира: Научниците предлагаат воведување на уште едно светло на семафорите
Досега, Roadster-от веќе има поминато повеќе од четири милијарди километри во вселената. Тоа е 70.000 пати повеќе од растојанието поминато со гаранцијата на Tesla и е еквивалентно на возење по сите светски патишта 63 пати, според порталот што го следи патувањето на Roadster и Starman.
Starman беше испратен на ова епско патување со звуците на Space Oddity на Дејвид Боуви што свири на стерео во автомобилот.
Вселената е тешко место за патување, па ако се прашувате што остана од Roadster-от, еве ги претпоставките:
Сите материјали како кожа, гума или боја се распаднати, се изложени на екстремно зрачење, а музиката не свири веќе долго време.
Научниците веруваат дека од автомобилот останала само алуминиумската рамка. Некои проценуваат дека дури и ќе падне на Земјата, но за неколку милиони години.
Извор: kajgana.com