Висината на потрошените пари не е мерило за љубов.
Би можело да ве интересира: Едноставни начини како да се опуштите по напорниот работен ден
Последниве години Св. Валентин, денот на вљубените е до тој степен искомерцијализиран што почна многу скапо и многу помпезно да се одбележува и да се прославува. Не дозволувајте овој начин на комерцијално и скапо прославување да ве заведе. Направете нешто оригинално и креативно – покажете и на саканата личност колку ви значи и колку ја сакате.
Пратете и цвеќе со прикладна честитка на работа. Ако не сакате јавно да се експонирате и да изјавувате љубов, тогаш тоа направете го дома. Може да подготвите ручек, вечера или пак заеднички доручек вокревет. Оброкот не мора да е совршен, важна е намерата, желбата да се угоди (цвеќе,свеќи или понекоја латица).
Организирајте се и договорете се да ви ги чуваат децата (ако ги имате) и заедно погледајѕе некој добар филм со шише добро вино и чоколаден колач.
Измијте го, исчистете го автомобилот на својот сакан/а и оставете му порака или симбол (цвет, срце, балон).
Направете го неговиот/нејзиниот омилен колач/десерт/ручек...
Можете да отидете на прошетка и да прошетате во оние делови од градот кои ви будат заеднички спомени, да отидете на кафе во омилениот локал... сѐ е тоа ок.
Можете по пошта да пратите честитка и некој симболичен подарок. Праќањето по пошта е знак дека сте размислувале за саканиот и сте одвоиле време за убав гест.
Важно е еден на друг да си покажете колку сте си важни.
А уште поважно е ако тоа го направите токму сега, многу порано од Св. Валентин, за потполно да ја изненадите саканата личност и да и покажете дека не ви треба некој празник или одреден ден за да ја искажете својата љубов бидејќи вашето секојдневие со таа личност е момент за славење токму сега, во еден обичен, секојдневен ден.