Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), во текот на оваа недела времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен а утре повремено засилен ветер од северен правец.
Температурите на воздухот во текот на оваа недела ќе бидат се повисоки, како наутро така и преку ден и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Кон крајот на оваа работна недела температурите ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Токму поради ова ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.
Би можело да ве интересира: ПАРИ: Колку чини зимувањето во Македонија
Токму поради ваквата состојба ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, особено во западите делови каде на планините има најмногу снег.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, наутро истите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!