Един Хоџа, Наумче Михајловски,Дејан Трајанов Чеде, Лука Станковиќ од Србија, Горан Каркински, Трајче Михајловски, Синиша Чамзиќ, Енис Имериовски, Емилија Симеонова, Бранче Глигоров и Хисен Таири се македонскиот национален пица тим кој ќе се натпреварува на светскиот пица шампионат во Римини од 20-22-ри Февруари.
На Pizza senza frontier -шампионатот ќе земат учество околу 1000 пицамајстори од целиот свет.Повеќето од нашите репрезентативци се дел од најпознатото италијанско училиште за мајстори Accademia Pizzaioli која има своја филијала во Кочани - Accademia Pizzaioli Macedonia под водство на Зоран Јовановски Паламаро, првиот пица инструктор во светот кој не е италијанец а има 3 златни ѕвезди од можни 4.
Зоран минатата година беше во жирито на светскиот шампионат во Рим а оваа година му се придружува и неговата сопруга Елизабета која исто така е пица инструктор и тие двајцата ќе се судии во друштво со најголемите италијански и светски имиња во пица индустријата. Веќе пишувавме дека Синиша Чамзиќ лани во Рим го освои 8 то место во пица Наполетана.
-Овој пат имаме можеби најголема екипа на шампионатот а нашите пизза мајстори ќе се натпреваруваат во неколку категории и тоа Pizza Napoletana traditional, pizza Napoletana contemporanea, Mistery box, pizza Romana, Desert pizza, pizza i pivo, i pizza classica. Имаме “страшен” тим кој ќе им ги помати сметките на сите па и на италијаните и се надеваме на одличен успех и најдобро да ја претставиме Македонија-вели Зоран. Заедно со нас ке биде и нашиот пријател Лука Станковиќ кој ќе ја претставува Србија!