Со негова помош ќе бидете лесно достапни до потенцијалните работодавачи
Барате работа? Еден мал елемент на вашиот LinkedIn профил може да ве спречи во обидот да бидете забележани од страна на вашите идни работодавачи.
Ако моментално не сте вработени, големи се шансите полето “Current Position” (тековна позиција) да сте го оставиле празно.
Сју Елсон, самостоен експерт за LinkedIn и професионален развој, за Бизнис Инсајдер открива дека оставањето на ова поле празно е голема грешка бидејќи многу поголема веројаност за да се прикажете во резултатите од пребарувањето имате доколку ја пополните оваа позиција.
Дури и ако моментално сте невработени, пожелно е да назначите работна позиција. Нема потреба да мамите бидејќи ова поле можете да го пополните со информации за видот на работата што ја барате.
Во делот “Employer” (работодавач) можете да назначите “Various” (различни), советува Елсон. “Можете да дискутирате за тоа како во моментов правите истражување, вмрежување, учите, аплицирате на различни работни места, во кои области итн.“
Избегнувајте ја употребата на фрази како “Seeking Opportunities” (Во потрага по нови можности) бидејќи тие можат да направат да изгледате очајно, вели Елсон.
Дополнителните совети од Елсон и други експерти кои се разбираат од LinkedIn за сите што бараат работа преку оваа платформа вклучуваат: барање препорака, вклучување на опцијата која ги известува работодавците дека сте заинтересирани за нови можности и пишување на сложени и персонализирани пораки при комуникација со потенцијални работодавачи.
Дали сметате дека LinkedIn ќе го замени класичниот начин на барање работа? Пишете ни во коментари.
Прочитајте: Основачот на LinkedIn открива 3 работи кои ви се потребни за успешна кариера