Статистика: И во јануари огромен годишен раст на трошокот за храна
Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението.
Граѓаните реагираат дека со секое одење во продавница се соочуваат со поскапи животни намирници. Сепак, Државниот завод за статистика евидентирал стабилизирање на цените во јануари во однос на декември и дури незначително намалување од 0,1 процент.
Но, ако се гледа растот на трошоците на годишно ниво, состојбата е сосема поинаква. Во јануари годинава трошоците за храна и безалкохолни пијалaци се за дури 25,1 процент повисоки отколку во јануари 2022 година.
Ако кон ова се додаде фактот дека и лани имавме висока инфлација, при што растот на трошоците за храна и безалкохолни пијалaци во јануари 2022 година бил за 9,2 проценти повисок во однос на јануари 2021 година, јасно е дека сега треба да се издвојуваат многу повеќе пари од порано.
Врз основа на податоците за инфлација од Државниот завод за статистика, Пари пресмета дека она што можело да се купи за 1.000 денари во јануари 2021 година, во јануари 2022 година чинело 1.092 денари, а веќе денес тие 1.092 денари станале трошок од 1.366 денари.
ПЕРИОД | ТРОШОК ЗА ХРАНА И БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ |
Јануари 2021 | 1.000 денари |
Јануари 2022 | 1.000 + 9,2 % инфлација = 1.092 денари |
Јануари 2023 | 1.092 + 25,1 % инфлација = 1.366 денари |
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јануари најголем годишен раст, од 39,1 процент, има кај лебот и житата, па потоа се млекото, сирењето и јајцата, со 36,2 проценти, и на трето место е месото, со 28,3 проценти.
И сите останати ставки се зголемени и тоа со двоцифрена инфлација, па зголемувањето на трошокот за масла и масти изнесува 18,4 проценти, потоа за кафе, чај и какао 17,3 проценти, за шеќер, џем и чоколадо треба да се издвојат 17,2 проценти повеќе пари, за рибата и морските плодови 14,4 проценти…

По најмногу 10 % маржа во трговија на големо и на мало има за: брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 %, 3,2 % и 3,5 %, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт.
Со цел, пак, производителите на основните прехранбени производи да можат да произведат поевтина храна, од 1 јануари годинава, Владата овозможи договори за субвенционирана струја преку ЕСМ продажба. Деновиве министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека ако компаниите не ги намалиле цените, тогаш можно е да се одлучи да ја загубат субвенционираната струја, затоа што државата ја субвенционира токму со цел да поевтини храната.
Целата анализа е достапна на следниот линк: pari.com.mk