Кулминира револтот на здравствените работници поради неисплатените плати. Ако до понеделник до 15 часот нема пари на сметките на сите вработени во Клиничките центри и болници, во среда докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар ќе излезат на протест, без разлика и во вторник да им се пушти плата.
– Ние како што рековме, ќе почитуваме како што вети директорката на Фондот и до понеделник до крајот на работното време ќе чекаме да биде исплатена платата. Доколку платата не биде исплатена, ние во вторник ќе го свикаме ИО и Советот на Синдикатот и најверојатно во среда ќе договориме протест, независно дали во вторник ќе префрлат плата протестот во среда ќе се одржи, изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во Клиничките центри.
Можеби ќе ве интересира: Македонија ќе побара од Брисел да не плаќаме по 7 евра за патување во ЕУ
Во меѓувреме вработени во ГОБ „8 Септември” своето незадоволство поради неисплатените плати ќе го искажат на протест во понеделник за време на паузата од 13 до 13.30.
Засега нема конкретна информација како ќе се исплаќаат платите, дали преку трезорот на Фондот доколку се воспостави контрола над хакираниот систем или пари ќе се повлечат од Централниот трезор на министерството за финансии.
Во четвртокот ФЗО побара сите ЈЗУ да достават податоци за вработените за да може да им ја исплатат платата, но од Синдикатот прашуваат зошто тоа не се направи порано кога знаеле дека системот им е хакиран.
Извор: skopjeinfo.mk