Тестирањето на четиридневната работна недела покажало дека огромното мнозинство од 61 компанија кои учествувале во неа од јуни до декември ќе продолжат со пократката работна недела бидејќи повеќето вработени се помалку под стрес и се чувствуваат подобро бидејќи работата и животот им се побалансирани.
Бизнисите, според наодите објавени оваа недела, пријавиле дека нивниот приход останал во голема мера ист и покрај еден работен ден помалку во текот на неделата, а за многумина дури и се зголемил во споредба со истиот шест месеци претходната година.
Можеби ќе ве интересира: Населението старее, младите си заминуваат – кој ќе работи и ќе се грижи за возрасните?
Се покажа дека четиридневната недела има повеќекратни придобивки, рече Дејвид Фрејн, научен соработник од Универзитетот во Кембриџ, кој помогна во текот на тестирањето на пократката работна недела. Тој смета дека успехот на овој тест треба да ги мотивира другите компании да го пробаат.
Тимот од Универзитетот во Кембриџ соработуваше со истражувачите од Бостонскиот колеџ, за да одреди како бизнисите од различни сектори – од маркетинг до финансии и непрофитни организации и нивните 2.900 вработени реагираат на намалено работно време, а платата останува иста.
Не е изненадувачки што вработените рекоа дека тоа им користело, дека бројот на оние кои рекле дека се уморни од работа се намалил за 71 отсто, дека 39 отсто помалку се изјасниле дека се под стрес, а 48 отсто повеќе се задоволни од својата работа отколку што беа во текот на петдневната работна недела.
Кај вработените, 60 отсто рекле дека во текот на четиридневната работна недела им било полесно да ги балансираат работата и обврските дома, а 73 отсто рекле дека се позадоволни од својот живот воопшто. Тие биле помалку уморни, повеќе спиеле и нивното ментално здравје се подобрило, покажуваат истражувањата.
Извор: kukuriku.com.mk