Минатата година во Србија работеле 500 Македонци, од кои 174 се жени, а другите се мажи. Ова го пишува српски Блиц бизнис, повикувајќи се на Националната служба за вработување во таа држава.
Би можело да ве интересира: Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска
Со тоа Македоците се на шесто место според бројот на странски работници кај нашиот северен сосед, откако првото и второто место ги зазедоа Кинези и Руси, додека Украинците се после нас, на шестата позиција.
Инаку, минатата година во Србија работеле точно 35.174 странци, што е за околу 12.000 повеќе од 2021 година. Имено, толку Националната служба за вработување издала работни дозволи на странски државјани во таа земја, потврди за Блиц бизнис Зоран Мартиновиќ, директор на Службата.
Од околу 35.000 странски државјани кои лани заработиле плата во Србија, 5.919 биле жени, а најмногу работни дозволи им биле издадени на кинески државјани. На второ место се најде Русија, а потоа следат Турција и Индија.
Работни дозволи за странски државјани во 2022 година.
ПР Кина 10.044 (1.030 жени), Руска Федерација 8.081 (2.330 жени)
Турција 5.672 (119 жени), Индија 2.974 (23 жени)
Куба 703 (255 жени), Македонија 498 (174 жени)
Украина 484 (276), Непал 420 (89 жени),
БИХ 354 (80 жени), Црна Гора 325 (109 жени)
- Најголем број странски работници во претходната година беа ангажирани пред се во областа на градежништвото. Станува збор за различни профили на градежни работници - ѕидари, арматурни работници, помошни градежни работници, гипсари, столари... Издадени се и голем број дозволи на заварувачи. Исто така, издадени се и поголем број работни дозволи на ИТ експерти од различни области на ИТ дејност - рече Мартиновиќ.
Дополнително, значителен број странци се вработени како помошни работници во различни стопански гранки, како што се услужни дејности, угостителство и хотелиерство.
Кога се гледа степенот на стручно образование на странците, мнозинството се работници со трет, четврти и седми степен на стручно образование, но има и многу нискоквалификувани работници.
Вработувањето на странци во Србија се реализира под услов странецот да има регулиран престој во Републиката (алтернативно, виза Д врз основа на вработување или одобрен привремен престој, односно одобрен постојан престој) и работна дозвола.
Работна дозвола за вработување се издава на барање на работодавачот, во согласност со состојбата на пазарот на трудот.