Набрзо откако стриминг гигантот „Netflix“ најавил дека повеќе нема да биде во можност да дозволува неколку луѓе да делат еден профил, одлучил да ја намали цената на услугата. Поради конкуренцијата која станува се посилна (Disney+, HBO Max, Amazon Prime), од компанијата најавија дека цените ќе бидат намалени во повеќе од 100 земји.
Би можело да ве интересира: 11-годишното девојче што заработува 120.000 евра месечно се повлекува од бизнисот: Сега ќе се посвети на нешто друго
Поевтините „Netflix“ понуди (стандарден, HD и Ultra HD), ќе бидат достапни во наредните неколку дена во Азија, САД, Европа, Африка, Средниот исток и Јужна Америка. Од друга страна, компанијата одлучи дека цените во Западна Европа и Северна Америка остануваат исти како до сега.
Македонија и земјите во регионот се наоѓаат на листата земји во кои цените ќе бидат намалени и поевтината месечна претплата е достапна од ова утро.
Цените во просек се пониски за две до три евра. Од сега стандардниот план кој се репродуцира во 720p резолуција чини 4,99 евра (претходна цена 7.99), „HD пакетот“ е 7,99 евра (претходна цена 9,99), а „Ultra HD“ е 9,99 (претходна цена 11,99 евра).
Грет Петерс, извршен директор на „Netflix“, изјавил дека промената на цената е неопходна бидејќи целта на компанијата е да се адаптира на финансиската состојба во земјите каде што сервисот се продава.
Со промената на цената на „Netflix“ сака да стане подеднакво пристапен како и „Disney+" и „HBO Max“ кои имаат малку повисоки цени во Западна Европа и Америка.