Хонгконг ќе стави крај на барањето за носење маски во борбата против коронавирусот, рече главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и инвестиции и да го врати нормалниот живот повеќе од три години по наметнувањето строги правила.
Укинувањето на барањето за носење маски во Хонгконг ќе стапи во сила од среда, 1 март, рече Ли на брифингот со новинарите. Специјалниот административен регион Хонгконг е едно од последните места во светот каде што носењето маски е сè уште задолжително.
Би можело да ве интересира: Некои од пандемските мерки беа глупост, вели германскиот министер за здравство
Административните региони Хонгконг и Макао ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот во последните три години. Хонгконг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е во сила од 2020 година.
„Сметаме дека ова е најдобро време да се донесе оваа одлука. Тоа е јасна порака што покажува дека Хонгконг се враќа во нормала“, рече Ли.