Задоволувањето на овие основни потреби е поважно од парите
Спротивно на популарното верување, вработените ценат многу други работи повеќе од покачувањето. Ако ги третирате праведно, тие ќе бидат попродуктивни.
Еве што навистина сакаат вработените:
1) Вработените сакаат да бидат горди на она што го работат.
Кога некој ќе ги праша што прават во животот, тие сакаат да се пофалат со својата работа, а не да се жалат. Сакаат луѓето кои им го поставуваат тоа прашање да бидат барем малку импресионирани.
2) Сакаат да бидат третирани праведно.
Иако сите знаеме дека „животот не е фер“, ниту еден вработен не сака шеф кој ќе го направи тој живот уште понеправеден. Вработените не толерираат фаворизирање. Тие очекуваат награди и покачувања за оние луѓе кои работат напорно, а не за поединци кои се „упикуваат“.
3) Вработениот сака шеф што ќе го почитува.
Вработените сакаат нивниот шеф да ги почитува, се разбира, но исто така сакаат и да имаат шеф вреден за почит! Тие сакаат да веруваат дека нивниот шеф е лидер кој е достоен за нивната лојалност.
4) Вработените сакаат да бидат слушнати.
Вработените не сакаат кога нивниот шеф нема време за нив или не покажува интерес за она што тие имаат да го кажат. Вработените не очекуваат нивниот шеф секогаш да ги слуша нивните совети, но доколку шефот воопшто „не ги перцепира“, ќе претпостават дека се грижи само за себе.
5) Сакаат да имаат приватен живот.
За многу шефови (особено оние во приватниот сектор) работата е начин на живот. Вработените, од друга страна, имаат тенденција да мислат дека пријателите и семејството се „нивниот живот“. Дури и кога се посветени на својата работа, не се среќни кога нивната работа одзема повеќе од нивното време или времето што вообичаено го посветуваат на блиските луѓе.
6) Вработените сакаат препоставениот да ги насочи, но не сакаат микроменаџмент.
Помошта на шефот е добредојдена кога 1) вработениот ја бара или 2) кога има тешка задача во која им треба помош. Она што вработените не го сакаат е шеф што им се меша во секој сегмент од работата и кој им е „дише во врат“.
7) Сакаат неработниците и мрзливите да добијат отказ.
Во секој бизнис има барем еден или двајца поединци кои им го загорчуваат животот на другите. Повеќе од сè, вработените сакаат нивниот шеф да „ги избрка“ таквите поединци. Ако не го направи ова, вработените знаат дека е лош менаџер, неук, или уште полошо, баш таков - мрзливец.
8) Сакаат помалку стрес.
Луѓето не сакаат да се чувствуваат како да имаат премногу работа и премалку време. Шефот треба паметно да планира, да ги препознава проблемите и да си поставува реални цели, за (ненамерно и непотребно) да не создава стрес кај вработените.
9) Сакаат безбедност.
Ниту еден разумен вработен не очекува да работи за еден работодавач цел живот. Сепак, тешко е да се концентрирате на работата кога имате чувство дека отказот ви „виси над глава“. Вработените сакаат да знаат дека не го губат своето време кога даваат се од себе за да ја завршат работата најдобро што можат.
10) Вработените сакаат да ја победат конкуренцијата.
Никогаш не ја потценувајте моќта на тимската работа, особено кога тимската работа вклучува победување на друг тим. Вработените не сакаат само да бидат тимски играчи, тие сакаат да играат за победнички тим.
Зошто парите ги нема на оваа листа?
Кога луѓето се жалат на платата, најчесто ја формулираат на следниов начин: „Не ме плаќаат доволно за да трпам вакви глупости“.
Ако се грижите за овие десет работи, вашите вработени ќе бидат лојални и продуктивни, дури и ако не можете да им понудите поголема плата од онаа плата која би ја имале кај некој друг работодавач.
Колку се не/задоволни вашите вработени и што мислат за работата во вашата компанија? Проверете на Pulser.mk