Електричните автомобили се одамна присутни, а компанијата Tesla полека ги пополнува другите сегменти од понудата, спуштајќи ја цената на новите автомобили на разумни нивоа.
Новиот модел на компанијата што го промени пазарот на електрични автомобили треба да им конкурира на урбаните хечбек модели како што е Volkswagen ID 3, а најверојатно ќе ја користи третата генерација на платформата за електрични возила на Tesla.
Неодамна се појавија цртежи на редизајнираните автомобили Tesla Model 3 и Tesla Model Y, како и страничниот профил на најмалиот автомобил на Tesla досега, кој воедно и и најевтин во понудата. Се споменува цена од 20.000 фунти што е некаде под 25.000 евра, а се работи за автомобил со три врати и димензии многу помали од Tesla Model 3, најмалиот автомобил на компанијата.
Иако не е официјално потврден, овој нов модел би требало да ја користи третата генерација на електромобилната платформа на компанијата, која би требало да донесе двојна автономија и пониска цена за новите модели.
Би можело да ве интересира: Tesla заработува 5 пати повеќе по автомобил од Toyota
Моментно најмал и најприфатлив автомобил на оваа компанија е Tesla Model 3, кој во Европа се продава по цена од околу 48.000 евра. Елон Маск изјави дека новата генерација на платформата ќе значи производство на електрични возила по значително пониска цена, што сугерира дека се планира прифатлив хечбек за светскиот пазар.
За американскиот пазар досега се споменуваше цена од 25.000 долари, која треба да се прелее и на светската понуда и дека во Европа овие модели имаат слична цена, но само во евра. Порталот Autocar забележува дека се очекува автономија од 410 километри со батерија од 50 kWh и дека овој автомобил ќе им биде сериозен конкурент на моделите како Nissan Leaf, VW ID.3 и Kia e-Niro.
Уште еден показател дека пристигнува нешто големо е фактот што кинеската фабрика, каде најверојатно ќе се произведуваат овие автомобили, веќе објави конкурс за нови работници кои ќе работат на хечбек модел од неименувана компанија.
Да потсетиме, Tesla моментано има четири електрични автомобили во својата палета: Model S од 2012 година, Model X од 2016 година, Model 3 од 2017 година и Model Y од 2019 година. Сите овие автомобили ја користат втората генерација на Tesla платформа за електрични автомобили.
Извор: konekt.mk